Ѓилас: Ги напуштаме преговорите со властите и ЕУ

од Vladimir Zorba

Драган Ѓилас, водачот на ССП, изјави денеска за Н1 дека нема да учествува понатаму во преговорите меѓу владата и опозицијата за изборни услови, со посредство на парламентарците од ЕУ.

„ССП нема да учествува во продолжението на денешната сесија за дијалог. Договорот даден од европските посредници го оценивме како неприфатлив. Побаравме денеска на дневен ред да биде договорот потпишан од шесте организации. Сето ова што се случува е една голема фарса. СНС, која учествуваше во изработката на тој документ преку својот претставник Дејан Ѓурчевиќ, секогаш зборува за идеални изборни услови, најдобри во нашата историја и дека нема потреба ништо да се менува“, вели Драган Ѓилас.

Тој изјави дека според нив, РТС е јавен сервис, опозицијата го има присуството што треба да го има, приватните медиуми се професионални…

„Тие прифатија учество во ова од формална причина, а исто така формално ја водат земјата кон ЕУ. Нашиот предлог не беше прифатен. СНС не го прифаќа она што го предложивме, ниту она што го предложија европратениците. Имајќи го сето тоа предвид, донесовме одлука да не учествуваме денес или утре и да не го замајуваме народот и да не ги поттикнуваме очекувањата дека Србија, која е во длабока криза, ќе излезе од неа“, рече Ѓилас.

Денес, инаку, започна последната рунда преговори меѓу власта и опозицијата.

Слични содржини