Година на историски моменти: „Џокер“, „1917“ и Нетфликс фаворити за Окарите, сите навиваме за „Медена земја“

од Elena Daskalova

На 9 февруари се доделуваат Оскарите, кои важат за најпрестижната филмска награда која ги афирмира веќе докажаните, но секако и новите имиња во светската кинематографија.

Седумнаесет филмови добија барем една номинација, а нив ги предводи „Џокер“ на Тод Филипс, со Жоакин Феникс во главната улога, кој е номиниран и за најдобар филм, за главна машка улога, адаптирано сценарио, фотографија, костимографија, шминка, оригинална музика, монтажа и звук и монтажа на звук.

Десет номинации има „1917“ на Сем Мендес, филм кој според многумина е фаворит за титулата најдобар филм. Исто толку номинации има и „Ирецот“ на Скорсезе, а десет номинации има и „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино, меѓу кои и таа за најдобра режија, најдобра главна машка улога и најдобра споредна машка улога.

Јужнокорејската драма „Паразит“ има шест номинации, од кои во категоријата за најдобар странски филм се бори со нашата „Медена земја“. Критичарите го сметаат овој филм како апсолутен победник во категоријата за најдобар странски филм (од неанглиско говорно подрачје).

Фаворити за најдобра главна улога, машка и женска, се Жоакин Феникс и Рене Зелвегер.

Интересно оваа година е што филмска продукција со најмногу номинации е всушност, стриминг сервисот Нетфликс – со вкупно 24 номинации, од кои дури две се за најдобар филм и една за анимиран филм.

Оваа година меѓу номинациите има многу историски моменти. На пример, ако Синтија Ериво освои оскар, таа ќе биде најмладата актерка која ги има освоено сите четири престижни филмски, телевизиски и музички награди: Еми, Греми, Тони и Оскар. Скарлет Јоханон, пак, е една од 12-те актерски имиња кои во иста година се номинирани за две различни награди за глума. Историски момент забележа и „Медена земја“, што е прв филм кој во иста година е номиниран и за најдобар странски филм и за најдобар документарен филм.

И оваа година Оскарите се одвиваат без водител, туку само со презентери. За да се покаже еко-свесноста, целото мени е на растителна основа, а пластични садови воопшто нема да се користат.

Слични содржини