Годишната инфлација во Грција 2,7 отсто, остануваат високи цените на прехранбените продукти

од Radmila Tasevska

Годишната инфлација во Грција во август годинава iизнесувала 2,7 отсто наспроти 2,5 проценти во јули, а цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика,  јави дописничката на МИА од Атина.

Ниската инфлација главно се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија.

Поконкретно, за една година, од август 2022 до август 2023 година цената на природниот гас се намалила за 78,8 отсто, на нафтата за греење 20,7 проценти и на електричната енергија за 6,5 отсто.

Прехранбените продукти, од друга страна, за една година се зголемиле за 10,7 проценти.

Зеленчукот е за 17,6 отсто поскап во споредба со лани, млечните производи и јајцата за 11,9 проценти, овошјето за 10,7 отсто, месото за 19,7 проценти лебот и житните производи за 6,6 отсто.

Инфлацијата во Грција во јануари годинава беше седум проценти, во февруари  6,1 отсто, во март 4,6 проценти, во април 3 отсто, во мај 2,8 отсто, во јуни дополнително се намали на 1,8 проценти, а во јули се зголеми на 2,5 отсто.

Слични содржини