Ѓоковиќ ја замолкна лондонската публика: Не ве слушам! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, имаше интересна расправија со лондонската публика во финалето на Вимблдон.

Петтиот гем од третиот сет се играше кога Беретини имаше две брејк топки, а лондонската публика гласно викаше: „Матео, Матео, Матео“.

Србинот го сфати тоа лично, спаси две брејк топки и потоа го доби гемот за 4: 2. Откако ја спаси втората брејк топка, Новак и рече на публиката: „Не можам да ве слушнам“, што беше одговор на однесувањето на навивачите на трибините.

Потоа, од трибините се слушна „Новак, Новак, Новак“, а обезбедувањето на стадионот ги смири српските навивачи.

Српскиот тенисер води со 2:1 во сетови и гп продолжи својот марш кон шестата титула на Вимблдон.

Слични содржини