Голема автобуска несреќа во Германија: Најмалку 5 загинати и 20 повредени

од Симе Стоиков

Најмалку пет лица загинаа, а многу се повредени во автобуска несреќа на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.

Автобусот на „Флихбус“ свртел нагло на десно на прометниот автопат А9, а потоа се извртел на на страна. Несреќата се случила околу 9:45 часот.

Како што објави Билд, најмалку 20 лица се повредени, од кои некои потешко. Петмина од загинатите се патници. „Флихбус“ потврди дека двајцата возачи ја преживеале несреќата.

Засега нема информации за идентитетот на жртви. Најмалку еден од загинатите бил под автобусот. Повредените се пренесени во болници. Во автобусот имало претежно млади патници.

На местото на настанот се испратени пет хеликоптери. Автопатот А9 беше затворен во двата правци.

Автобусот утрово во 8 часот тргнал од Берлин за Цирих со 53 патници и двајца возачи. Според неофицијални информации, возачот кој во моментот на несреќата бил зад воланот го почитувал времето за возење и одмор.

Несреќата се случила час и 45 минути подоцна северно од клучката во Шкеудиц, веднаш до аеродромот Лајпциг/Хале

Слични содржини