Google треба да плати речиси 400 милиони долари поради следење на корисниците

од Stefanija Kuzmanovska

„Гугл“ ќе треба да плати 391,5 милиони долари за решавање на обвинувања. Четириесет држави поднесоа тужби против компанијата за незаконско следење на локациите на корисниците, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Мичиген.

Истрагите, предводени од сојузните држави Орегон и Небраска, се знак за зголемени правни главоболки за технолошкиот гигант од државните обвинители. Државните обвинители агресивно ги таргетираа прашањата за следење на корисниците во последните месеци.

Освен плаќањата, „Гугл“ треба да биде потранспарентен со потрошувачите кога станува збор за следење на локациите. Всушност, компанијата мора да им обезбеди на корисниците детални информации и податоци за следење на локацијата за посебна веб-страница, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Ајова.

„Кога корисниците ќе донесат одлука да не ги споделуваат податоците за локацијата на нивните уреди, треба да можат да веруваат дека компанијата повеќе нема да го следи секое нивно движење“, рече јавниот обвинител на Ајова. „Ова решение јасно покажува дека компаниите треба да бидат транспарентни во тоа како ги следат клиентите. Тие, исто така, мора да се усогласат со државните и федералните закони за приватност“.

Аризона поднесе слична тужба против „Гугл“. Потоа, „Гугл“ ѝ плати на Аризона 85 милиони долари во октомври 2022 година.

Тексас, Индијана, државата Вашингтон и округот Колумбија го тужеа „Гугл“ во јануари. Државите ја тужеа компанијата за измамнички практики за следење локација што ја нарушува приватноста на корисниците.

Портпаролот на „Гугл“, Хозе Кастанеда, рече: „Во согласност со подобрувањата што ги направивме во последниве години, ја решивме оваа истрага, која се засноваше на застарени упатства за производи што ги сменивме пред неколку години“.

„Гугл“ имаше 111 милијарди долари приходи од реклами во првата половина од оваа година. Тоа е повеќе од која било друга компанија за онлајн рекламирање. Локацијата на корисникот е клучна работа за компанијата. Тоа ѝ помага на компанијата да го намали дигиталниот неред и да ја направи рекламата порелевантна за да го привлече вниманието на потрошувачите.

Слични содржини