Горбачов: Русија и САД заедно можат да поведат светот по нов пат

од Vladimir Zorba

Русија и САД треба да соработуваат, од тоа би спечалите сите земји во светот. Ова е мислењето на поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов во интервју за новинската агенција Associated Press (AP), цитиран од ТАСС.
“Неопходно е нашите лидери да се сретнат и да разговараат за тоа како да ги развиваме односите” – рекол тој и додал дека САД и РФ треба “да останат на преговарачката маса, додека постигнат договор”.
“Светот има потреба Русија и САД да соработуваат – истакнал Горбачов. – Заедно тие можат да поведат светот по нов пат. ”

Според Горбачов, односите меѓу Москва и Вашингтон се важни и “влијаат на сите други земји”, затоа САД и РФ, градејќи го својот дијалог, треба да “ги земе предвид интересите на другите” држави.

Горбачов го критикувал Западот како се однесува кон Русија. “Тие ни припишуваат обвинувања не обвинуваат за сè” – рекол тој и додал дека тоа предизвикува повратна реакција во РФ. “Русија сака да има пријателски односи со Америка, но тоа е тешко кога Русија гледа дека ја лажеш” – забележува Горбачов.

Тој одби да даде оценка за Доналд Трамп, но признал дека е вчудоневиден од неговата победа. “Тој има мало политичко искуство, но можеби тоа е добро” – рекол Горбачов и додал дека останува да се види политиката во однос на Русија.

Одговарајќи на прашање на АР за неговиот став кон Владимир Путин, Горбачов рекол: “Мислам дека е достоен претседател, тој докажа дека е достоен. Тој е силен човек “- сумира поранешниот советски претседател.

Слични содржини