Ѓорчев бара одложување на пописот: „Не требаат нови кластери“

од Nikola Popovski

Поради фијаското на Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е земјата со најголема смртност од корона вирусот во светот. Дневно имаме по 30 мртви, во Македонија се умира како никогаш, никогаш, никогаш  до сега. Само во Битола имаме 165 мртви, Охрид 151 починато лице, Велес 122 починати, Струмица  119, Гевгелија 52 лица, Радовиш 40 починати“, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, Влатко Ѓорчев.

Според него, ова се ужасни, ужасни бројки на исчезнувањето и смртта во Македонија.

„Разумно е да се одложи пописот, не треба нови кластери, нови заразени, нови починати само поради желбата на Зоран Заев за политички попис.

Не треба нови дополнителни 2.400 луѓе да умрат поради политичката желба и политичкиот договор на Зоран Заев да направи попис по секоја цена.

Разумно е пописот да се одложи како во речиси сите земји во Европа“, изјавил Ѓорчев на прес-конференција.

Слични содржини