Гореа контејнери на Партизанска по полицискиот час (ФОТО)

од Берта Китинска

На булеварот „Партизански одреди“ денеска по 16 часот од кога почнува полицискиот час беа запалени контејнери.

Противпожарните бригади веднаш интервенираа на терен и го изгасија огнот.

Контејнерите пред Трговскиот Буњаковец биле запалени по 16 часот период кога е забрането движење низ улиците.

Владата пред некој ден ги заостри мерките против ширењето на коронавирусот.

Односно за време на викендите е забрането излегување од дома за сите граѓани во периодот од 16 часот попладне до 05 часот наутро. Во работните денови останува на сила полицискиот час од 21 часот навечер до 05 часот наутро.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини