„Град Скопје изгуби херој, пријател и колега“: Шилегов се прости од пожарникарот Нуредин Мустафа

од Берта Китинска

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се прости од пожарникарот Нуредин Мустафа.

-Град Скопје денеска изгуби херој, пријател и колега. Прерано заврши животот на скопскиот пожарникар Нуредин Мустафа кој безрезервно и пожртвувано секогаш се бореше да помогне во спасувањето на животи.

Почитуваниот Нуредин беше и дел од пожарникарската екипа што Град Скопје како помош ја испрати во Драч, Албанија веднаш после катастрофалниот земјотрес.

Нека почива во мир, длабоко и искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и соработниците!, пишува Шилегов на својот Фејсбук.

Слични содржини