Град Скопје: Целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора

од Nikola Popovski

Град Скопје информира дека поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата на РС Македонија од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

-Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, се вели во соопштението од Градот.

Претходно беше објавено дека Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите

-Во текот на утрешниот ден (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката, соопштија од Владата.

Слични содржини