Град Скопје: За викендов пристигнати 150 апликации за инвертери, најмногу од Кисела Вода

од Берта Китинска

Град Скопје информира дека новитет во повикот за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата е да се аплицира онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

Еден од условите е граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување:

https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020?fbclid=IwAR1A_-WuCucBwcseL3ni-VxHq-h-G3WJHDnLwO1cup8hmiWJ-TWyE9OFonk

Слични содржини