Градежна фирма затаила данок од околу 462 илјади евра

од Nikola Popovski

Градежната фирма Акчелик градба од Скопје затаила данок во вкупен износ од околу 462 000 евра, за што заработи кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

Од мај 2018 година до декември минатата година со цел да стекне противправна имотна корист, како што соопштија од финансиската полиција, правото на располагање со станбено деловниот објект во фаза затворена карабина го пренел на нов инвеститор од Скопје без да изврши фактурирање на објектот.

– Продажната цена која изнесува 156 520 746 денари, претставува основа за пресметка на Данок на додадена вредност во износ од 7 826 037 денари и Данок на добивка во износ од 15 652 074 денари, при што пријавените спротивно на Законските прописи за извршената продажба не ги пресметале, пријавиле и не ги уплатиле Даноците кои ги долгуваат во вкупен износ од 23 478 111 денари, велат од Управата.

Пријавениот примил и аванси од купувачи на станови во вкупен износ од 104 835 423 денари кои не ги пријавиле во ДДВ – 04 Пријавите и не пресметале и не уплатиле Данок на додадена вредност по пресметана даночна стапка од 4.76 проценти за кој биле Законски обврзани при приемот на паричните средства и/или при извршената компензација во износ од 4 990 166 денари.

Слични содржини