Градинките продолжуваат со работа и во зимскиот период, вели Тренчевска

од Берта Китинска

Градинките продолжуваат со работа и во зимскиот период. Проблем со листа на чекање имаме во скопските општини, затоа што има многу повеќе деца од капацитетите на градинките. Веќе сме во процес на решавање на овој проблем, но не се решава за ден, два, месец. Наскоро ќе биде отоврена градинката во Волково, каде дел од притисокот ќе се намали. Исто така и во Кисела Вода со отворањето на новата градинка. Оптшините се проактивни и доставуваат предлози за нови градинки. Правиме се за да се намали листата на чекање, вели министерката за труд и социјална политика Тренчевска во Студио 10.

Во насока на соработката со градоначалниците, вели дека засега се се одвива со професионален прстап во интерес на децата и нивно изолирање од политиката.

„Имаме одлична соработка со сите градоначалници. Децата не се и не треба да се инволвирани во политика. Немаат политичка припадност. Треба да се грижиме во секоја општина секое дете да има пристап до градинка. Работиме на тоа без инволвирање на политика. Секое дете треба да има можнос да биде вклучено во предучилиштното восптиание. Научно е докажано дека ова влијае на натамошниот развој на детето. Секој гаоначаник кој сака да отвори нови градинки и да ги прошири капацитетие е добреодјден во нашето министерство.“ – вели Тренчевска.

Слични содржини