Граѓаните кои работат на Бадник и Божиќ имаат право на дневница од 250%

од Nikola Popovski

Фирмите и компаниите кои не се опфатени како исклучоци за недела неработен ден според Законот за трговија не смеат да работат во недела, но и на државен празник или други празници определени со закон, потсети Министерството за труд и социјална политика во пресрет на божикните празници, потсети Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

-Ви укажуваме дека ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА​ ТРГОВИЈА Службен Весник бр. 295 од 27 декември 2021 година во член 4 предвидува дека ,,Tрговија​ на​ големо​ и​ трговија​ на​ мало​ не​ може​ да се​ вршат​ во​ недела,​ како​ и​ на​ државни​ празници​ и​ други​ празници​ кои​ се​ определени​ како​ неработни​ денови согласно​ со​ закон​ (во​ натамошниот​ текст:​празници), велат од Синдикатот.

Според нив, согласно соопштение на Министерството за труд и социјална политика се соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари 2022 година (петок) Божиќ е неработен ден за сите граѓани.

Меѓу исклучоците спаѓаат специјализирани  продавници  или  киосци  за продажба  на  сладолед,  колачи  и  апетисани,  цвеќиња, сувенири,  филигранство,  весници  и  цигари,  во  туристичките  места  утврдени  со  Законот  за  туристичка  дејност; продавниците  на  бензински  станици  во  чии рамки  се  врши трговија  на  мало  претежно  со  храна, пијалоци  и  тутун; продавници,  киосци  и  штандови  во трговските  центри  (молови); штандови  и  киосци  каде  што  се  продава  добра  за  време  на  спортски  настани,   фестивали  и  манифестации,  саеми  и  за  време  на  јавната  проекција  на  кинематографски  дела; продавници  за  трговија  на  мало  со  храна  (без зеленчук  и  овошје),  пијалоци  и  тутун  во  кои  трговијата се  врши  лично  само  од  сопственикот  на  продавницата и зелените пазари.

-На оние работниците кои се во наведените исклучоци им укажуваме дека имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник, потенцираат од ССМ.

Слични содржини