Гренел: Решението на дијалогот меѓу Белград и Приштина е двете страни да направат отстапки

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот пратеник на поранешниот американски претседател, Ричард Гренел, денеска при доделувањето на Орденот на српското знаме изјави дека единствено решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина е двете страни да направат отстапки.

Во изјава за медиумите, заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој му го врачи Орденот на српското знаме од прв степен, Гренел рече дека меѓународната заедница има одговорност да изврши притисок врз (косовскиот премиер Албин) Курти да го исполни договорот, а потоа да влијае на двете страни да направат отстапки.

„Пред три години добив слична награда во Косово, така што навистина ми е чест што ја имам оваа награда и мислам дека сум единствениот човек што ја доби највисоката награда и од Косово и од Србија“, рече тој.

Вучиќ, за време на свеченото доделување на Орденот за истакнати услуги во развојот и консолидирањето на мирната соработка и пријателските односи меѓу Србија и САД, рече дека Гренел „го демонстрирал она што не се гледа често во меѓународната заедница“.

„За време на неговиот мандат покажа острина и дипломатски вештини да ги слуша аргументите на другата страна дури и кога не се согласуваше со нив“, рече српскиот претседател.

Вучиќ додаде дека неуморната работа и улогата на Гренел во дијалогот меѓу Белград и Приштина придонеле за регионалниот мир и ги збогатиле врските меѓу Србија и САД.

Слични содржини