Грозданов: Хистеријата околу рудниците во Македонија е мешавина од анти нато идеологија и личен интерес

од Vladimir Zorba

Анти нато активисти нахранети со источна идеологија ја манипулираат јавноста во врска со рудниците и нивното влијание врз животната средина и сеат страв во јавноста кон се што доаѓа од запад. Истите тие, имаат газда кој им нарачува што треба да прават, пишува во својата најнова колумна Виктор Грозданов аналитичар и металуршки инженер.

Овие антинатовци во последните неколку дена испорачаа низа закани, насочени кон нас како личности, но не застанаа тука,туку продолжија и кон политичките партии и започнаа со сеење национална омраза. Впрочем има само едно објаснување кое оди во две фази, а вклучен е соодветен центар на моќ, тврди Грозданов.

„Испратиле фактура со ветување за испорака на цел која вели: Нови рудници нема да има!!! И фактурата е платена. Бидејќи немаат начин како да ја испорачаат целта преминуваат на ниво на закани кон секого за кого мислат дека им ги разоткрива нивните газди и ги прави целосно неупотребливи зошто и јавноста и надлежните институции полека но сигурно сфаќаат дека „нови рудници нема да има“ во превод значи штета од неколку стотици милиони евра народни пари и нарушени односи со колеги членки на НАТО Алијансата“ пишува Грозданов.

Нашата цел е да ги разбудиме научниците и експертската јавност преку тврдења засовани на факти и наука и во тоа успеваме вели Грозданов. Од друга страна, таканаречените активисти кои гостуваат по емисии и кажуваат невистини, не ја познаваат проблематиката и единствено се служат со моја дикредитација, вели Грозданов, кој ги повикува активистите на дебата, на било кој медиум да ги соочат аргументите.

„Сакам да дадам само еден аргумент за кредибилитетот на гостите. Г-динот Ристоманов во кампањата за локалните избори, пред да стане советник ветил дека веднаш својот месечен надоместок ќе го донира за да се купи комунално возило во интерес на граѓаните, и истиот потенцира дека тој не станува советник заради паушалот. Помина две години или половина мандат, а комунално возило нема! Вие заклучувајте понатаму. И среде емисија на прашање, како ќе се загадувале водите, се покажува една мапа која е секаде достапна и веднаш станува јасно дека господинот Танушев не разбира ништо од темата. Односно неговата експликација со хуморот на Миле Паника изгледаше отприлика вака: и сега ова од тука па ваму и ова на ова и тука дупка и после наваму и од овде па онаму, се пробива дупка со вода и јаловината паѓа во дупката и се загадија водите и цело струмичко поле. Ова е понижување на целата јавност. Интересен беше и Крум Велков. Оти нели без неговата „луцидност“ во заканите не поминува ниту една забелешка за потенцијалната реализација на инвестицијата во Иловица. Сега извадил теза дека рудниците во Римската империја, кои постоеле пред 2000 години, да добро читате, пред 2000 години, се уште ја загадувале почвата во Романија. Па добро бре господине Велков, па можно ли е било кој да верува дека нови рудници, во 21 век, ќе се градат по технологија од пред две ери? , пишува Грозданов.

Тој во колумната повторува дека Македонија има 20 милијарди евра првичнаметалична руда, која со завршна преработка (металургиска и машинска) може да достигне до 70 милијарди евра и дека нема полоши активисти од оние кои немаат соодветно образование и кои немаат еколошка туку политичка агенда.

Слични содржини