Грозданов: Поради коалициите на романтичари-политичари со лажни екологисти Македонија назадува

од Vladimir Zorba

„Овие личности во предизборна атмосфера стануваат фактори зошто политиката ги употребува за свои потреби“, оценува аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов опишувајќи ги активистите кои се против отворањето на рудници во земјава. Во последната колумна насловена „Рудниците градат градови и држави“ тој пишува дека овие коалиции на т.н. активисти и политичари ја ставаат Македонија во крајно неповолна финансиска положба.

-Еве два случаи. На арбитража како држава го губиме спорот во врска со рудникот Казандол и ќе платиме штета со првична пресметка од 400 милиони евра. Со откажувањето на инвеститорот од хидроелектраната Чебрен пративме силна порака: Ние не сме способни, истакнува Грозданов.

Тој во колумната прашува кој сега ќе ја плати штетата сторена врз инвестицијата во Казандол.

– Навредата да не ја ни споменувам. Рудникот ќе загадувал. Директорот е фармаколог, дал заклетва дека ќе го чува човековиот род и целата животна средина. Еден од клучните луѓе е поранешен министер за земјоделие, кој прв дава субвенции од 100 милиони евра и го напишал законот за органска храна. За разлика од нив градоначалникот Перо Костадинов им порача на сите млади од Валандово да си го бараат чарето, наместо да го прифати договорот дека студенти (родум од Валандово) кои ќе студираат металургија рудникот презема обврска да ги стипендира од втора година со минимум 15 илјади денари месечен надоместок (говорам за податок од 2017 година). Ова е клучната разлика помеѓу романтичари политичари и инвеститори прагматичари, смета аналитичарот.

Грозданов додава дека во Босна и Херцеговина се отвора рудник за злато од кој се очекува извоз од 5 милијарди евра, каде ќе се користи најмодерна технологија и очекувањата се дека ќе стигнат до 65 тони руда месечно.

-Инаку рудното богатство во Босна и Херцеговина погодно за екплоатација е следново: јаглен, термални и термо-минерални води, камен технички и камен архитектонски, железо, боксит, олово, манган, хром, олово-цинк, сребро и злато, магнезит, глина, шљунак и песок, азбест, нафта, сол, гипс, кварцит, кварцен песок, цементни лапорци, бентонит и низ други. Се поставува едно големо прашање. Што е тоа кое го немаат и не се споменува? БАКАР. Е ние спиеме на Бакар, потенцира Грозданов.

Според металуршкиот инженер, целата жица поминува низ источна Македонија и како земја имаме 20 милијарди почетна руда, а со преработувачка металургија можеме да стигнеме до 70 милијарди евра.

-Не случајно врвна компанија која имала вкупен промет од 244 милијарди евра со 7 милијарди нето добивка (буџетот на Македонија е 5.5 милијарди евра) сака да инвестира во еден рудник за почеток. Зошто кажав почеток. Па ние мора да му дадеме услови кои ќе се достоинствени за обете страни за да можеме да напредуваме. Наместо тоа. Нас во нашата држава ни мешетарат лажни активисти за екологија (ја исклучувам О2 и Ели Пешева чиј настап за друг тип екологија беше коректен и со знаење) за кои можам да донесам следен заклучок. Заклучокот го базирам на моето долгогодишно искуство и соработка со медиумска и политичка елита (од најголеми газди на медиуми, уредници на најсилни медиуми, политичари кои биле претседатели, премиери, амбасадори, министри итн). Една група лажни активисти работат инспирирани од странски служби чија цел е Македонија економски да не напредува. Другите активисти патат од „его трип“ и затоа се зависни од јавни настапи, бидејќи ги возбудува тоа што се поздравуваат срдечно со соседите кои ги гледале на ТВ. Третата група активисти се специфични. Тие сакаат да склучуваат коалиција со претходниве за некој глас повеќе. Токму третиве ми се најзабавни бидејки се политичари. И затоа на дел од нив сакам да им предочам дека нивните говори се со аргументација како другарот Шоиќ кога држи говор за рецесија во култниот филм „Тесна Кожа“. И тоа оди вака. Американци веќ одавно кубуре сбуѓети…… Немќка економија посрќе… Ја се ваќам за тенденције и за Европу, а ако се ваќам ја има да се ваќате и ви……. ја као руководеќи орган овог предузеќа….могао би и јод дуго око транзиције, али Миле је извадио прасиќе из фурне….Е вака некако изгледаат политичарите коалициони партнери на лажните екологисти. Да живее Македонија, заклучува Грозданов.

 

Слични содржини