Грција е одлучна по прашањето за Косово

од Nikola Popovski

„Грција не го признава Косово и нејзината позиција останува непроменета“, изјави шефот на грчката канцеларија за врски во Приштина, Хрисула Алифери.

„Во исто време, добро е познато дека Грција следеше конструктивен пристап кон Приштина, поздравувајќи ја косовската канцеларија за трговија и економија во Атина и работејќи со Косово за подобрување на соработката во повеќе области“, рекла Алифери за косовската телевизија „Клан“.

Покрај Грција, уште четири земји-членки на ЕУ не го признаа Косово, а тоа се Шпанија, Словачка, Романија и Кипар.

Слични содржини