Грција ги затвори границите, Црна Гора воведе карантин за Србите, Македонија уште се колеба

од Берта Китинска

Епидемијата со коронавирусот ги спушти граничните рампи.Една од мерките за кои се уште размислуваат нашите властите е рестрикција на граничните премини.

Поради зголемениот број на случаи со Ковид-19, Грција пред неколку дена одлучи да ја затвори границата со Србија.Голем број на српски туристи биле позитивни на корона вирусот, откако биле тестирани на влезот кај јужниот сосед. Црна Гора воведе посебни ограничувачки мерки за соседна Србија,  лицата  од Србија кои ќе влезат во земјата, одат во карантин.

Нови рестрикции на граничните премини е една од опциите кои ги разгледуваат надлежните по зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19 во соседството.

„Можно е да препорачаме воведување некои нови мерки на границите, ако ризикот од влез на граѓаните од околните земји може да го загрози нашиот здравствен систем. За границите се дискутираше  интензивно викендов и утрово на Комисија за заразни болести, но разговараме и со епидемиолози во повеќе центри за јавно здравје во јужна Србија од каде очекуваме дополнителни информации за состојбата со заболените од ковид-19“, изјави пред два дена министерот за здравство, Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во Републиа Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе биде доставена до Владата за понатамошно постапување.

Во Македонија може да влезе странски државјанин без да се тестира и да оди во задолжителна самоизолација.

Слични содржини