Грција ќе прима туристи коишто се вакцинирани со кинески и руски вакцини

од Берта Китинска

Грција најави дека од 14 мај ќе ги отвори границите за туристи, а таму ќе може да патуваат и државјани на С Македонија.

Според здравствените протоколи што ги усвои Грција, објавени на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра-Зенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (Спутник).

„Разговарав со министерот за здравство од Грција и го прашав дали ќе има некаква селекција по однос на вакцините, но рече дека нема да има. Односно дека потврда за примена која било вакцина ќе биде еден од начините да се влезе во Грција, алтернативно на тоа ќе биде влез со негативен ПЦР-тест, но и тестирање на граница по случаен избор со брз антигенски тест. Но, до 14 мај за кога е најавено отворањето на границите со Грција ќе ги знаеме сите детали“, информираше пред неколку дена министерот за здравство Венко  Филипче.

Слични содржини