Грција: Со корона заразени најмалку 40 деца во летни кампови

од Nikola Popovski

Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и Крит се позитивни на коронавирус, објавија денес локалните медиуми.

Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија на запад од Крит, каде се заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, објави весникот „Катимерини“.

Според „zarpanjuz.gr“, се верува дека претставниците на кампот знаеле за инфекциите уште во понеделникот, но на почетокот тие го негираа нивното постоење.

Летниот камп ќе се затвори до 15 јули и ќе бара негативен брз тест од сите деца кога ќе се отвори повторно. Исто така беше речено дека нема да бидат дозволени посети.

Второто жариште е регистрирано на северот на Грција, во регионот на Халкидики, каде се заразени 14 тинејџери.

Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги однеле од кампот. Официјални лица од кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои се сместени заразени деца. Кампот, патем, е домаќин на стотици деца секоја сезона, претежно од Солун и Халкидики.

Слични содржини