ГРЦИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Дигитален сертификат за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska

Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирусот, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека ова е уште една грчка иновација.

Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација рече дека потврдата не значи ограничување, туку дополнително олеснување за движење и патување.

Тој изјави дека сертификатот ќе служи за потврда на законската вакцинација, но и за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори својот предлог до Европската унија на единствен сертификат во согласност со европските стандарди.

„Ова не е ограничување, туку ќе ни олесни да се ослободиме од ограничувањата што во моментов ни ги наметнува ковид во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што ќе значи посебно за нашиот туризам и перспективите на нашата економија, особено во пресрет на летната сезона“, рече Мицотакис.

Предлогот на Микотакис за единствен сертификат ќе се дискутира на Самитот на ЕУ утре, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за единствен систем за сертификација.

Слични содржини