Груби: Максималните капацитети на сите наши институции се ставени на располагање за справување со пожарите

од Vladimir Zorba

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби попладнево го посети кумановскиот регион за да ја следи ситуацијата со пожарите и на терен беше заедно со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Правиме максимални напори да им помогнеме на граѓаните, пожарникарите, војниците и полицијата на сите места каде што има активни пожари.
Заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска бевме во Довезенце, Кумановско и бевме сведоци на надчовечките напори на жителите и пожарникарите да го изгаснат пожарот“, сподели Груби.

„Претходно, на денешните две седници на Владата, донесовме важни одлуки за управување со ситуацијата со овие катастрофи, вклучително и прогласување кризна состојба. Максималните капацитети на сите наши институции се ставени на располагање за справување со пожарите. Ги замолувам граѓаните да бидат многу внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите“, додаде тој.

Слични содржини