Груби на годишнината од Охридски договор: Каде бевме пред 20 години, каде сме сега

од desk4

„Патот на еднаквоста бара секојдневен третман и ангажман од секој од нас, во секоја институција каде што сме присутни, од Претседателот, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, Советникот на Град Скопје, директорот во институција, вклучително и административниот службеник ја има најголемата можна човечка одговорност за да ја гарантира еднаквоста и за да ја одржи таа еднаквост до денот на неговото пензионирање“, изјави вицепремиерот Артан Груби на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот Договор.

На трибина организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците на тема „Скопје и новите албански адреси, рефлексија на Охридскиот Договор“, Груби рече дека околу 150 имиња на албански дејци се поставени како имиња на улици, плоштади и булевари во Скопје.

-Тоа е големо достигнување како резултат на имплементацијата на Охридскиот Договор. 20 години не се далеку. Застанете само направете ја разликата каде сме биле пред 20 години и каде сме денес. Во Влада зборуваме на албански, во Собрание зборуваме албански, влезете на веб-страната на Претседателот, сè е и на албански јазик. Дури и вчера на одбележувањето на Илинден ечеше албанска музика и албанско оро среде Крушево и немаше никакво двоумење од ниеден учесник околу достоинствената презентација и на албанската култура. Нема институција во ова земја која не зборува и албански. Нема ништо невозможно кое ние не можеме да го реализираме и ова е благодарение на сите оние кои ја имаа храброста од логорите до Собранието да ја променат политичката, правната реалност на оваа држава правејќи го Албанецот државнотворец и придонесувач во нашето општество, рече Груби.

Слични содржини