Груевски: Судството ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт

од Stefanija Kuzmanovska

Денешната одлука на судот за предметот наречен „Организатори на 27“ е резултат на општата атмосфера во судството (и во државата). Атмосфера во која судството ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт, разрешување па дури и прогон на судиите доколку не пресудат согласно политички создадената атмосфера од власта, вели денеска бегалецот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Дури и ако власта не вршела директен притисок на судот, кој верувам дека го вршела, доволно е само веќе поставената политичка атмосфера и клима во земјата за сите политички судења, а особено за ова, вели тој.

– Поинаку неможе да се разбере одлуката на судот да ги прогласи виновни обвинитетите за т.н. случај „Организатори на 27“. Па обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот: „организатори на 27“. Насловот не остава простор за поинаква пресуда, бидејќи тој однапред кажува дека обвинетите се виновни, дека се организатори, а судот се очекува само да го потврди тоа, смета експремиерот.

Слични содржини