Група граѓани протестираат пред Собрание за бојкот на референдумот

од desk4

  Неколку десетици граѓани вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија во знак на протест за да го изразат својот став за бојкот на референдумот на 30 септември.

Присутните рекоа дека се собрале спонтано пред Собранието, и оти зад нив не стои организатор.

Пред Собранието се забележува засилено полициско присуство.

Од движењето „Бојкотирам“ претходно на социјалните мрежи соопштија дека се откажува протестот пред Собрание. Од таму тврдат дека тие не стојат зад најавата на протестот, туку дека бил закажан, како што велат, од инфилтрирани „служби на хунтата“.

Слични содржини