Гутереш: Хроничен недостиг на помош додека се зголемуваат хуманитарните потреби

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска го критикуваше „хроничниот недостаток на помош“ ширум светот, бидејќи хуманитарните потреби продолжуваат да се зголемуваат.

Гутереш, пред Одделот за хуманитарни прашања на Економско-социјалниот совет на ОН, истакна дека постојаното недоволно финансирање и рекордното ниво на хуманитарни потреби го доведуваат системот до точка на кршење.

Гутереш изјави дека само 20 отсто од средствата што ги бара ОН како дел од глобалните хуманитарни потреби биле собрани во средината на оваа година.

Слични содржини