Гвардиола по ремито со Вест Хем: Ќе победиме на последниот натпревар и ќе станеме шампиони

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, филозофски го прифати ремито со Вест Хем (2:2). Ова ги збуни плановите на „граѓаните“ во битката за титулата, но тие остануваат фаворит за трофејот, бидејќи доколку победат во последниот меч против Астон Вила ќе бидат шампиони.

„Коментарите за гол-разликата со Ливерпул сега ќе престанат. Мораме да победиме на последниот натпревар и ние сме шампиони. Ако не победиме, Ливерпул ќе биде шампион. Можам да ве уверам едно нешто, за една недела нашиот стадион ќе биде распродаден и ќе го дадеме животот во тие 95 минути. Истото важи и за Ливерпул. Голема привилегија е да се има шанса да се добие натпревар пред нашите навивачи и да станеме шампиони. Едвај чекам. Сега ќе одмориме ден-два за да се ослободиме психички, а потоа ќе тренираме три-четири дена за да се подготвиме за мечот со Астон Вила“, изјави Гвардиола.

Интересно, за една недела се навршуваат 10 години од драматично освоената прва титула во новата ера за Сити со доцниот гол на Серхио Агуеро.

Сепак, менторот не сака такви споредби.

„Не, те молам, не сега. Тој момент им припаѓа на Серхио Агуеро, Роберто Манчини и сите играчи кои беа таму. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што се е повторно во наши раце. Ќе биде тешко бидејќи ќе мораме да ги скротиме нашите емоции и да анализираме што треба да направиме за да ја победиме Астон Вила. Ќе дадеме се од себе во претстојните 95 минути“, изјави Шпанецот.

Слични содржини