Гвардиола: Виновни се НАТО и неспособните политичари, невини гинеа и во Југославија

од Nikola Popovski

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, многу остро и искрено зборуваше за војната во Украина на прес-конференцијата пред 28. коло од англиската Премиер лига, во кое неговиот тим го игра градското дерби против Манчестер Јунајтед.

За целата ситуација ги обвини политичарите, НАТО и европските земји, нарекувајќи ги целосно неспособни.

„Важно е да се покаже солидарност, но тоа е само гест. Политичарите се тука за да избегнуваат вакви работи, но тие сепак се случуваат затоа што се неспособни, целосно неспособни. Тоа се случува затоа што не се во состојба да направат ништо“, рече Гвардиола.

„Ова не се случува поради знамето, парче земја, ова се случува поради пари. Се случуваше во Сирија, Палестина, Југославија, умираа невини луѓе. И се е поради парите. Да немаше пари, таму немаше да има војна. Оваа војна трае веќе осум или девет дена. НАТО и европските организации се целосно неспособни“, изјави Пеп Гвардиола.

Слични содржини