Гвардиола за Мбапе: „Добар е, има иднина“

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не попушти пред провокацијата да ги коментира гласините кои го поврзуваат клубот со Килијан Мбапе.

Вчера беше објавено дека минатата недела еден од агентите на Французинот се сретнал со претставници на англискиот шампион за да го убеди да се пресели на „Етихад“. Сепак, според „Марка“, тој пред две недели потпишал преддоговор со Реал Мадрид.

Еве го точниот коментар што Гвардиола го даде со насмевка на прашањето за Мбапе: „Тој е доста добар. Има иднина“.

Потоа тој зборуваше за очекувањата на навивачите:

– Целосно ги разбирам сомнежите на луѓето, но повеќе од среќен сум со она што го гледам. Луѓето имаат големи очекувања од нас бидејќи ние сме единствената екипа која забележала вакви достигнувања. Знаеме колку е тешко. Мора да живееме со тоа. Тоа сум го доживеал и во моите претходни клубови, особено во Барселона. Тоа е чест. Јас сум првиот кој бара совршенство 95 минути, знаејќи дека тоа е невозможно“, изјави Гвардиола.

Слични содржини