Гвинет Палтроу за коронавирусот: Веќе бев во ваков филм, останете безбедни (ФОТО)

од Elena Daskalova

Светот, а од вчера и Македонија постојано се во страв и паника поради ширењето на коронавирусот. Како што веќе знаеме, актерот Том Круз беше во хотелски карантин, но тој не е единствениот кој мора да патува поради професионалните обврски.

Актерката Гвинет Палтроу на Инстаграм сподели фотографија дека патува во Париз, а притоа во авионот носи заштитна маска на носот и устата.

„Патувам во Париз. Параноична? Внимателна? Во паника? Мирна? Пандемија? Пропаганда? Палтроу сега ќе спие со оваа маска на лицето. Веќе бев во ваков филм. Останете безбедни. Не се ракувајте. Мијте ги рацете“, советува Палтроу.

Таа всушност алудираше на филмскиот хит „Зараза“ (Contagion) во кој глумеше во 2011 година, заедно со Мет Дејмон, Кејт Винслет и Марион Котијар.

Слични содржини