Хајредини: Мицкоски да каже зошто не е изградена ниту една хидроцентрала додека тој беше директор

од Берта Китинска

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, на својот фејсбук профил го повика претседателот на ВМРО-ДПНЕ да објасни зошто додека тој бил директор на ЕСМ не е изградена ниту една хидроцентрала.

„Од една страна, никому не му е јасно што е толку страшно Ковачевски, или Битиќи, да се сретнат со Мицкоски и да му гo кажат истотo тоа што го кажуваат секој ден? Од друга страна, и Мицкоски треба да објасни зошто барем една од електричните централи, предвидени во програмата на ВМРО „Преродба во 100 чекори”, дури и “проширена и надградена”, не е изградена во време кога тој беше и директор на Електростопанство на Македонија. Дури ниеден камен темелник не се положи“, напиша Хајредини.

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната средба договорија ВМРО-ДПМНЕ да ги достави своите контакти за набавка на поевтини енергенси до министерот за економија Крешник Бектеши, кој треба да ги исконтактира.

Слични содржини