Харадинај: Курти е неспособен да се соочи со Србија

од Nikola Popovski

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оцени дека премиерот Албин Курти, е неспособен да се соочи со Србија.

Говорејќи на прес -конференција, Харадинај, критикувајќи го поставувањето камен темелник за Универзитетот во Приштина со седиште во северниот дел на Косовска Митровица, чија изградба ќе биде финансирана од српската влада, рече дека е апсурдно српските институции да го градат Универзитетот во Приштина.

Харадинај додаде дека има многу ситуации во кои Курти покажува дека е неспособен да се соочи со Србија и изјави дека, како што рече, побарал од Курти да не биде заложник и да не го држи како заложник.

Тој оцени дека зголемувањето на увозот од централна Србија, како и воведувањето на мерката за реципроцитет и укинувањето на даноците за градежните блокови од централна Србија, доволно зборуваат за неспособноста на Курти да се соочи со Белград.

Харадинај, исто така, побара оставка од Курти затоа што, според неговата проценка, владата во Приштина ја игнорира ситуацијата во врска со пандемијата и лошо управува со неа.

Слични содржини