Хари и Меган би ги чинеле Канаѓаните „мало богатство“

Селидбата на британскиот принц Хари и неговата опруга Меган во Канада би можело, канадските даночни обврзници, да ги чини милиони долари годишно поради сигурносните трошоци, предупередуваат експертите.

Војводата и војвотката од Сасекс оваа недела ги шокираа сите, објавувајќи дека се повлекуваат од важните кралски должности и дека времето ќе го поминуваат во Северна Америка.

Иако не кажаа каде планираат да престојуваат, многумина сметаат дека Канада ќе биде логичен избор, а Канада е дел од британската заедница на земји кои ја признаваат кралицата како глава на својата држава.

Канадската влада најверојатно би имала законска обврска да им обезбеди сигурности поради нивниот статус, велат експертите.

„Не верувам дека владата би одбила да им обезбеди сигурност“, рекол Лари Буш, поранешен полициски службеник кој се грижел за сигурноста на бројни светски лидери, вклучувајќи и американски претседатели и кралското семејство.

Трошокот би можел да порасне многу и над милиони долари, смета Мајк Зимет, шеф н фирма за заштита на клиенти меѓу кои и американскиот сенатор Барни Сандерс и актерот Алек Болдвин.

„Доколку сакаат приватна заштита, тогаш околу нив мора да биде изградец целосен заштитен стој“, додал.

„Начинот на сигурност која ќе им биде потребна ќе биде дефинирана по проценката на заканата“ рекол Џои Балз, претседател за фирма за осигурување со седиште во Торонто.

„Секогаш ќе има идиоти кои предизвикуваат некаков проблем“, рекол Балз кој смета дека парот би бил посигурен во Канада отколку во САД, каде законите за оружје се значително полоши.

Исто така, би требало да се осигура и нивниот син Арчи, од киднапирања, предупредува Зимет, кој киднапирањето го смета за главна закана, особено кога станува збор за терористите.

Канадската новинска компанија Постмедиа, направика анкета која покажува дека повеќе од 60% од 1151 анкетирани Канаѓани, ја поддржуваат можноста за именување на принцот Хари за генерален гувернер, т.н. претставник на кралицата во Канада.

Анкетата е спроведена на 6 јануари, два дена пред парот да го објави планот за дистанцирање од британската монархија.

Слични содржини