Хари и Меган со првите официјални фотографии, пред венчавката

од desk4

Принцот Хари и неговата американска свршеница, Меган Маркл, ги споделија своите први официјални фотографии, објавија Ројтерс и Асошиетед прес. Со нив тие сакаат да ја одбележат својата венчавка. Кадрите се снимени од фотографот Алекси Љубомирски.

Тој ги снимил во Фрогмор хаус во близина на замокот Виндзор во западен Лондон, каде што двојката ќе се земе на 19-ти мај следната година. Љубомирски е познат по своите слики на принцезата Дијана.

Не можам да престанам да се смеам кога ги гледам сликите што ги направивме. Тие се толку среќни заедно , вели фотографот.

Едниот е портрет во црно-бело, кој вљубените веднаш го прифатиле. На другиот кадар, двајцата седат и се држат за раце. На двете фотографии може да се видат како Маркл го носи вереничкиот прстен.

Принцот Хари, кој е петти на листата на наследници на британскиот трон, и актерката Меган Маркл, ѕвездата на серијата „Костимари, ја објавија својата венчавка минатиот месец.

Слични содржини