Хасани: Наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест

од Берта Китинска

Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани на Фејсбук  објави дека наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус.

„Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.

Хасани беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Официјално стапи на функцијата заменик-министер за здравство ја презеде минатата недела.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека се разговара со соседните земји во ис момент да се отворат границите без ПЦР тестови.

– Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји, рече Филипче.

Слични содржини