Хауард удри противник – суспендиран до крајот на сезоната (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Тренерот на Мичиген Вулверинс, Џуан Хауард е суспендиран до крајот на сезоната поради удирање противник.

Хауард е поранешен НБА центар и член на познатата петорка на НЦАА Мичиген „Фаб фајв“, која поради сплет на околности не стана шампион.

Тој сега е во центарот на вниманието поради скандалозното однесување, бидејќи по натпреварот со Висконсин (Мичиген загуби со 77:63) го удри во глава помошникот тренер Џо Крабенхофт.

Како што пренесуваат американските медиуми, Хауард бил прилично лут што тренерот на Баџерс побарал тајм-аут во самиот финиш на натпреварот, кога веќе било решено прашањето за победникот.

Беа изречени некои остри зборови, а потоа следеше и ударот на Хауард во главата на помошниот тренер Крабенхофт, поради што беше казнет со 40.000 долари и суспендиран до крајот на сезоната.

Тренерот на Висконсин, Грег Гард беше казнет со 10.000 долари поради неспортско однесување на прес-конференција, но за него нема да има суспензија.

Хуан Хауард се уште не се огласил.

Слични содржини