Хејли Бибер по гласините дека е бремена: „Оставете ме да правам што сакам“

од Stefanija Kuzmanovska

Јавноста ја интересира се што е поврзано со Хејли Бибер. Без разлика дали се работи за нејзиниот моден избор, нова фризура или брачен живот со Џастин Бибер, сè за Хејли Бибер „продава“ содржина, a токму нивниот приватен живот е посебно интересен. Многумина ги интересира едно – кога конечно тие ќе станат родители.

Откако се појавија фотографиите на кои малку е истакнат нејзиниот стомак, веднаш почнаа шпекулациите дека е бремена, а овој пат Хејли Бибер одлучи да се огласи во врска со гласините.

Во своето последно интервју за GQ, Хејли зборуваше токму за мајчинството.

„Неодамна сите почнаа да зборуваат дека сум бремена, а тоа веќе неколку пати ми се има случено. Таквите зборови ме обесхрабруваат. По ѓаволите, не може ли барем еднаш да бидам подуена без веднаш да бидам прогласена за бремена? Ќе излажам ако кажам дека тоа не ми пречи“, истакнала таа.

Како што рече, никогаш не се двоумела јавно да проговори за сите аспекти од нејзиниот живот – од проблемите со менталното здравје до други здравствени проблеми, но едно е сигурно – бременоста планира да ја задржи само за себе.

„Кога ќе дојде денот кога ќе бидам бремена, сите вие ​​на интернет ќе бидете последни што ќе дознаете!“, рекла Хејли и додала: „Оставете ме да правам што сакам со моето тело, а вие правите што сакате со вашето!“.

Слични содржини