Хју Џекмен проговори за разводот со 13 години постарата Дебора-Ли Фурнес

од Nikola Popovski

Актерот Хју Џекмен за првпат се огласи и преку камера ја коментираше веста дека тој и Дебора-Ли Фернес се разведуваат, велејќи дека ова е исклучително тежок период за него.

Двојката беше во брак 27 години и неодамна ја објави својата одлука да се разделат, велејќи дека сакаат да се стремат кон „индивидуален раст“.

Тие за првпат се запознале во 1995 година на снимањето на ТВ серијата „Корели“, а се венчале во 1996 година. Заедно посвоиле две деца кои денес имаат 23 и 18 години.

Џекмен и 13 години постарата Фернес објавија дека се разделуваат во изјава споделена со магазинот „People“.

Во соопштението се вели: „Благословени сме што сме заедно речиси три децении како маж и жена во прекрасен брак со љубов. Нашите патишта сега се менуваат и решивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот индивидуален раст“.

Џекмен потоа пред камерите кратко проговори за разводот. Во разговор со папараците, тој рекол дека разводот бил особено „тежок период“, иако не навлегувал во повеќе детали околу тоа.

Исто така, извор близок до актерот за „Page Six“ потврди дека е „уништен“ и „многу тажен“ по разделбата со сопругата.

Слични содржини