Хоџа ги повика гласачите на БЕСА да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и обратно

од Берта Китинска

Генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа најави дека веќе е дефиниран договорот за соработка меѓу оваа партија и опозициската партија Алијанса за Албанците.

„Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА за вториот круг на локалните избори, се наметнува јасен став на движењето БЕСА против старите политики на овие две политички партии, кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуват само да се заштитат едни со други. Затоа, почитувајќи ги политичките принципи и потребата за промена на политичката сцена, ја изразуваме нашата подготвеност, но истовремено и апелираме во вториот круг на локалните избори сите гласачи на Движењето БЕСА да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците со што ќе помогнеме во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА. Исто така бараме од Алијанса за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржаат кандидатите на Движењето БЕСА во Тетово и Желино. Време е за промени, политичката сцена во наредните години мора да се промени. Затоа сакаме заедно да ја водиме и да ја напаравиме ова промена“, објави Хоџа.

Слични содржини