Ве известуваме дека во текот на денешниот ден во посета на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше заменик – помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент – господинот Брајант Хојт Ји, придружуван од заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија – господинот Бартон Путни, како и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

(ВИДЕО) Хојт Ји: Сите да ја поддржат работата на Јанева, секој одговорен за кризата да одговара

На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува ова Јавно обвинителство во реализација на своите законски надлежности, како и за важноста од обезбедување на услови за непречено работење на ова Јавно обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во оваа прилика ја потенцираше важноста на меѓуинституционалната соработка во насока на сузбивање на криминалитетот.

Интегрален текст

Слични содржини