Холандија повторно воведува ограничувања за ноќните клубови, рестораните и фестивалите

од Nikola Popovski

Холандија повторно воведе ограничувања за ноќни клубови, ресторани и музички фестивали, бидејќи коронавирусот повторно зема голем замав меѓу помладата популација.

Мерките воведени поради пандемијата беа укинати пред неколку недели.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека мерките ќе стапат на сила утре наутро и ќе останат на сила до 14 август.

„Црниот облак го засени сонцето. Во моментов, бројот на новоинфицирани е во пораст и главно се должи на заразниот делта сој. Ако не сториме нешто, ритамот на инфекција ќе се зголеми. Јасно е дека вирусот треба да се сопре да престане да се шири на почетокот“, рече тој.

„Ако постапуваме правилно, сè уште можеме да поминеме прекрасно лето“, додаде Руте.

Холандија, земја со 17 милиони жители, имаше повеќе од 1,7 милиони случаи на инфекција и 17.700 смртни случаи. Околу 80 проценти од населението примило барем една доза на вакцина, а 50 проценти две, објавија од тамошното Министерство за здравство.

Слични содржини