Холивуд во шок: Познат актер се самоубил – се фрлил од зграда

од desk4

Американскиот актер Бред Буфанда (34) си го одзеде својот живот, соопшти Hollywood Reporter.

Според првичните информации Буфанда, кој стана познат по својата улога во младинската детективска драма Вероника Марс, скокнал во 12.45 часот, во средата од 13-от кат на зградата на Саут Фулер, авенија 300, во центарот на Лос Анџелес.

Тој, исто така, оставил писмо, чија содржина во моментов останува доверлива. Тој не живеел во зградата од која скокнал. Младиот Буфанда имал улоги во многу од познатите американски серии како МалколмCSI: МајамиДеновите на нашиот животИвон Стивенс.

Во 2004 година тој учествуваше и во филмот Приказна за Пепелашка заедно со Хилари Даф и Чад Мајкл Мареј. Веста беше пречекана со шок од неговиот менаџер, кој подоцна соопшти дека тој токму почнал да ја оживува својата актерска кариера и по краткото затишје дури бил среќен што има завршено два филма – Garlic & Gunpowder и Stan the Man.

Слични содржини