Хорор во Лондон: Четиригодишно момче избодено до смрт, уапсена жена (41)

од Stefanija Kuzmanovska

Четиригодишно момче било избодено до смрт во куќата во која живеело во источен Лондон.

По тој повод полицијата на Скотланд Јард уапсила четириесет и едногодишна жена која е првоосомничена за неговото убиство.

На местото на настанот, полицијата го пронашла момчето на подот со убодни рани по телото. Веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, но и покрај напорите на лекарскиот тим момчето им подлегнало на повредите, пишува „Дејли Мејл“.

Веднаш биле известени најблиските членови на неговото семејство кои дошле на лице место.

„Специјалистите од нашиот тим за убиства напредуваат во истрагата и продолжуваат да работат на утврдување на околностите на смртта на детето и на настаните што доведоа до неа“, соопшти полицијата.

Слични содржини