ХОРОР ВО МЕТРО ВО ЊУЈОРК: Избодени 4 бездомници, двајца починаа! Осомничен е еден напаѓач (ВИДЕО)

Њујоршката полиција е во потрага по напаѓач на бездомници во метрото, кој застрела четири лица за само неколку часа, од кои двајца починаа.

Полицијата верува дека станува збор за напаѓач кој нападнал четири бездомници од петокот наутро до првите часови во саботата наутро.

Сите напади се случиле на линијата А од метрото во Њујорк, а полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери, обидувајќи се да го идентификува напаѓачот.

Една жртва беше откриена околу полноќ во петокот со повеќе убодни рани во пределот на вратот и градите, а само неколку часа подоцна беше пронајдена мртва жена, на возраст од 44 години, на Менхетен.

Уште два напади, врз двајца мажи, беа потврдени и на Менхетн, па полицијата распореди дополнителни 500 полицајци во метрото.

Слични содржини