Хороскопски знаци кои ги очекува љубовен бродолом оваа есен

од Stefanija Kuzmanovska

Есента е вистинско време да започнете некои нови работи во животот и да го оставите минатото зад себе. Деловните, љубовните и другите важни животни одлуки чекаат решение. Сепак, ѕвездите не се исто наклонети за сите.

Овие три хороскопски знаци во текот на есента 2022 година нема да имаат отворен пат за нова љубовна авантура, туку на врата ќе им тропне стара љубов.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор и на што треба да обрнат внимание:

ЛАВ

Лавовите важат за вистински заводници и никогаш не им е проблем први да пристапат, да дадат комплимент и на тој начин да започнат додворување.

Сепак, оваа есен низ глава ќе им помине стара љубов од блиското минато. Очигледно, таа ви оставила силен впечаток и нема да се двоумите да ѝ се јавите и повторно да се поврзете.

Не очекувајте ништо повеќе од секс без обврски, а многу е можно да се разочарате бидејќи личноста не е иста како порано.

СКОРПИЈА

Токму кога сакавте да започнете нови работи и конечно да го оставите минатото зад себе, некој од вашето опкружување ќе влијае да се вратите повторно на него.

Ќе потпаднете под влијание на таа личност и конечно ќе попуштите, а убавите моменти кои некогаш сте ги поминале само ќе ви го олеснат пресекот и помирувањето со старата љубов.

Не се однесувајте како ништо да не се случило, туку седнете и разговарајте за да бидете свои на своето.

ВОДОЛИЈА

Во текот на есента 2022 година, Водолиите ќе паднат во одредена меланхолија. Упорно ви недостига личноста која многу ви значела, а ненадејната средба дополнително ќе го засили ова.

Иако сте имале некои несогласувања, оставете ги на страна.

Обидете се да останете смирени ако сè уште се грижите за личноста. Понекогаш е добро да се водите повеќе од инстинкт отколку од срце.

Слични содржини