Хоти: Договор за признавање напролет

од Stefanija Kuzmanovska

Косовскиот премиер Авдулах Хоти рече дека очекува дијалогот меѓу Белград и Приштина да заврши со меѓусебно признавање за неколку месеци, а целта е тоа да се случи напролет, пренесува „Косово онлајн“.

Хоти навел дека ќе инсистира да добие признание од Србија, бидејќи, како што изјави, во спротивно нема да има договор.

„Или дијалогот ќе доведе до договор со реципрочно признавање, или нема да има ништо. За време на мојата посета на европските метрополи, ги презентирав нашите принципи и со нив влегувам во овој процес “, рече Хоти.

„Овој процес завршува со реципрочно признавање. За неколку месеци, ќе ја достигнеме и таа точка и ќе го завршиме процесот. Целта е пролет, односно првите месеци од следната година“, додал Хоти.

Слични содржини