Хрватскиот МНР за Милановиќ: Предавник и уништувач на власта

од Nikola Popovski

Парламентарното мнозинство го поддржува евентуалниот прием на Финска и Шведска во НАТО, а изјавите на претседателот Зоран Милановиќ за блокадата на проширувањето нанесуваат голема штета на угледот и кредибилитетот на Хрватска, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Радман Грлиќ го нарече претседателот Милановиќ „предавник“ и „уништувач на власта“.

„Тезите на претседателот Зоран Милановиќ и нанесуваат голема надворешнополитичка штета на Хрватска, не срами во меѓународната заедница, а бидејќи директно го поврзува прашањето за решавање на положбата на хрватскиот народ во БиХ, им штети и на Хрватите во БиХ“, изјави Грлиќ Радман по состанокот на владејачката коалиција, пренесува агенцијата Хина.

Според шефот на хрватската дипломатија, Хрватска ја препознава важноста на Финска и Шведска како високоразвиени земји кога се во прашање владеењето на правото и демократијата, почитувањето на човековите права и верува дека нивното членство во НАТО ќе придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност.

Тој додаде дека Милановиќ „го деградира угледот и кредибилитетот на Хрватска и, во очите на меѓународната заедница, ја создава нејзината перцепција како случајна држава“.

Слични содржини