Хуманитарна акција во Скопје ЗОО- Донираме за малата Симона

од desk2

Апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција!


Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб. Потребно е да соберат 140 000 евра за лекувањето. Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10). Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.

Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона! ♥

Броеви за донации:

Телеком 143 424
А1 143 460

Слични содржини